Македонскиот репрезентативец Томи Јагуриноски се врати во македонското првенство, и потпиша за ГРК Охрид. Јагуриноски во оваа година беше во Германија, во дресот на Десау-Рослоер, меѓутоа кратко траеше неговиот престој во овој клуб.
Во меѓувреме стигна понудата од Охрид, и тој ја прифати, со што денеска беше промовиран како ново засилување во охридската екипа. Во минатото Јагуриноски го носеше дресот на Вардар, Тинекс Пролет, Пелистер, Металург. Играше и една сезона на Исланд, во тимот на Тоур Акурејри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

