Милан Томиќ повеќе не е шеф на стручниот штаб на Црвена Звезда, откако реши да си замине од клубот по серијата слаби резултати во АБА-лигата и поразите од Будуќност и од Крка. Тој вчера си поднесе оставка, истата беше одбиена од клупската управа, но Томиќ инсистираше на заминување од кормилото на актуелниотпрвак на АБА-лигата.
Српските медиуми информираат дека и Небојша Човиќ е известен за целата ситуација, а првиот човек на „црвено-белите“ веќе го повлекол и следниот потег, избирајќи го наследникот на Томиќ. Станува збор за неговиот досегашен асистент, Андрија Гавриловиќ, кој ќе го води тимот на претстојниот меч од Евролигата против Барселона.
Небојша Човиќ за 14 часот закажа прес-конференција на која официјално ќе ја потврди разделбата од Томиќ и ќе говори за идните планови на клубот.
Во меѓувреме, Милан Томиќ е главен фаворит за нов тренер на Олимпијакос, како наследник на Дејвид Блат на клупата на поранешниот европски првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА