Томи Јагуриноски во „аут“ од два до три месеци

Македонскиот ракометен репрезентативец, Томислав Јагуриноски доживеа сериозна повреда и ќе биде надвор од терените во следните два до три месеци.

Јагуриновски се повреди за време на подготовките со новиот клуб Десау Рослер незгодно приземјувајќи се на грбот, по што веднаш станало јасно дека проблемот воопшто не е наивен.

Повредата на Јагуриноски доаѓа како голем проблем за селекторот Кирил Лазаров со оглед на тоа што е четвртиот репрезентативец по Марко Митев, Никола Костески и Милан Лазаревски кој нема да биде дел од националниот собир во следниот период.

Се вчитува...