Томори: Дојде време Милан да го победи Ливерпул

Дефанзивецот на Милан, Фикајо Томори пред пресметката во Лигата на шампионите, истакна дека е време Милан да го победи Ливерпул, и дека неговиот тим ќе даде се да се пласира меѓу најдобрите 16.

Англискиот стопер е оптимист пред одлучувачкиот меч кој се игра вечерва на „Сан Сиро“.

„Ќе биде тежок меч, но верувам дека ќе ја имаме поддршката од навивачите во овој важен меч. Го респектираме Ливерпул. Играат на врвно ниво во последните години. Агресивен тим кој има посед и создава многу шанси и погодуваат многу. Ќе биде тешко, но ние со победа одиме понатаму. Немавме среќа во првиот меч, иако игравме одлично. Мислам дека дојде време Милан да го победи Ливерпул“, рече Томори.

Тој вечерва ќе го нема својот партнер во одбраната Симон Кјер кој ќе отсуствува подолго време поради повреда на лигаментите.

„Симон е важен дел од нашиот тим. И во, и надвор од теренот. Тој е силна личност и веќе покажа колку ни значи оваа сезона“, рече Томори.

Се вчитува...