Томори и Тонали се иднината на Милан

Милан по повеќе од една деценија се врати на тронот на Италија, а намерува да остане таму и во иднина. За таа цел веќе започна со продолжување на договорите на „костурот“ на тимот, столбот на одбраната, Фикајо Томори ја продолжи верноста до 2027 година, а на прагот ова да го повтори е и Сандро Тонали.

Италијанскиот репрезентативец ова лето беше поврзуван со трансфер во англиските гиганти, интерес постоеше од Арсенал и Челси, но премин во Англија не е во интерес на играчот. Тој е среќен во Милано и наскоро ќе стави нов потпис до 2027 година.

Тонали го засили Милан од Бреша во 2021 година и оттогаш се наметна како незаменлив дел од тимот. Досега одигра 83 натпревари во дресот на „росонерите“, постигна пет гола и забележа три асистенции.

Се вчитува...