Томовски бранеше одлично, но Лидвигсхафен испадна од елитата

Мартин Томовски и покрај извонредните настапи во последниот месец не успеа да го спаси Лудвигсхафен од испаѓање од првата Бундес-лига. Тимот на македонскиот голман вечерва ремизираше на гостувањето против Минден (24-24), па на едно коло до крајот ги загуби шансите за опстанок во елитното друштво.

Томовски повторно бранеше одлично, собра 12 интервенции, а Лудвигсхафен има за што да жали бидејќи водеше речиси цел меч, на полувреме имаше водство од 10-14, но поради неефикасниот напад во вториот дел (само десет гола за 30 минути игра) остана без посакуваната победа со која ќе останеше со шанси во трката за опстанок.

Само за потсетување, Мартин Томовски веќе го договори трансферот за летниот преоден рок, со потписот на договорот со македонскиот шампион Вардар.

Филип Миркуловски со Вецлар ремизираше 27-27 на гостувањето против Магдебург, меч на кој македонскиот репрезентативец не успеа да се запише меѓу стрелците.

Се вчитува...