Томовски брилијантен за нова победа на Битигхајм

Нова извонредна партија на македонскиот репрезентативец Мартин Томовски на голот на Битигхајм.

Битигхајм славеше на гостувањето против Дормаген со 34-36 во Втората Бундеслига, благодарение на македонскиот голман кој беше одлучувачки фактор во моментите кога се „кршеше“ резултатот на натпреварот.

Томовски одбрани два зицери на противникот во моментите кога се одлучуваше победникот, при резултат 33-33, што на крај резултираше со победа на неговиот тим.

На крај македонскиот голман заокружи со десет одбрани на мечот.

Битигхајм во моментов, по 27 кола, е на водечката позиција со 45 бода, пред тимот на Балинген кој има 44 бода.

Се вчитува...