ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Македонските репрезентативци задоволни се враќаат назад во татковината откако го освоија третото место во групата. По голема битка беше совладана Романија, а победата на Португалија над Данска значеше дека дури и доколку ние славевме во второто коло над Португалците, сепак немаше да се пласираме во следната рунда.
Мартин Томовски, кој имаше свој придонес и во големата победа над Романија, верува дека нашата репрезентација ќе игра уште подобро во иднина.
„Среќни сме поради победата. Почнавме одлично, стигнавме до убава предност, но потоа се соочивме со криза, Романците ја искористија, искусни играчи се тие. Но, успеавме, победа си е победа. Сакавме поголема разлика, тоа ни создаде дополнителен стрес, но тоа е. Пред се сакам да им посакам побрзо заздравување на нашите повредени играчи. Петар, Џонов, Никола Маркоски, нека прости некој ако го заборавам. Ќе анализираме, ќе видиме каде грешевме и ќе се стремиме кон тоа да ги елиминираме грешките“, изјави Мартин Томовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

