Голманот на македонската ракометна репрезентација Мартин Томовски пред дуелот со Фарски Острови вели дека ќе биде многу тешко во баражот, но на крајот верува дека Македонија ќе се пласира на уште едно Светско првенство.
Чуварот на мрежата на националниот тим верува дека претходното искуство со играње со вакви противници ќе биде од големо значење за успех, а според него клучна одлука ќе има одбраната.
„Името и традицијата велат дека се неатрактивни, сепак ќе биде пеколно тешко. Најважно е што здравствениот билтен е одличен и сите ракометари се физички подготвени да одговориме на барањето на селекторот и верувам со ќе имаме успешен дел и ќе се пласираме на СП. Играта ни е позната, сме имале голем број на противници со тој стил на игра, тактички ќе одговриме како што кажав брзата транзиција мораме да ја стопираме, главен адут им се средниот и левиот бек, но сите останати ракометари со исто добар квалитет, играат во добри лиги. Ги гледавме натпревари играат седум на шест, сите добро го познаваме тој дел ќе знаеме да одговирме на барањето. Клучна ќе биде добрата одбрана, на која да се стремиме, верувам дека можеме да радуваме на крајот“, изјави Мартин Томовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА