Томовски ги воодушеви Германците: Одбрана без гледање – најдобра во Бундес-лигата сезонава

Мартин Томовски имаше фантастичен настап на голот на Постдам на мечот со фаворитот Магдебург, на кој неговиот тим загуби,но македонскиот голман блескаше со фантастични 18 интервенци.

Една од нив беше навистина неверојатна, откако Томовски без гледање, со грбот го запре обидот на еден од домашните ракометари да ја затресе неговата мрежа.

Магдебург тргна во контранапад, Томовски набрзина се врати од клупата во своите шест метри, скокна со лицето свртен кон голот, и со грбот успеа да го запре шутот на противничкиот ракометар.

Германците се воодушевени од оваа интервенција на македонскиот чувар на мрежата, што според многумина е најдобра во Бундес-лигата оваа натпреварувачка сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dyn Handball (@dynhandball)

Се вчитува...