Македонскиот голман Мартин Томовски, секако низ максимално оптимистично расположение го очекува стартот на Европското првенство 2026.
Македонија од вчера е во Хернинг каде ги реализира финалните подготовки за стартот на шампонатот и дуелот против домаќинот Данска во петок (16 јануари).
„Ќе биде навистина предизвикувачки да се игра во Данска, особено против еден од главните кандидати за титулата и домаќин на првенството. Данска е број еден во последните години, па можеме само да уживаме во ова натпреварување и да дадеме се од себе за да ја направиме нашата земја среќна“ – вели Томовски.
Чуварот на мрежата се осврнува и на фактот дека 99% од репрезентацијата е составена од играчи од домашниот шампионат во Македонија.
„Во последните години, македонската лига е се подобра, па затоа имаме многу играчи кои играат во Лигата на шампионите. Не само во последните години. И јас играв и во Лигата на шампионите со Вардар. Сето тоа може само да ни помогне во националниот тим, со искуството на Лазаров како играч на почетокот, а сега и како тренер. Можеме само да направиме одлична атмосфера и да уживаме во сè на теренот“ – вели Томовски и дополнува:
„Знам дека секако сакаме да постигнеме повеќе, да одиме во следната рунда, но ќе одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар и ќе веруваме во најдоброто.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

