Мартин Томовски игра одлична полусезона во дресот на Битигхајм, токму македонскиот голман е најзаслужен што оваа екипа е главен кандидат за влез во елитата, а Томовски е убедливо најдобар голман во втората Бундес-лига.
„Се чувствувам одлично, бранев во добра форма на клупски план. Искрено се надевам дека таа форма ќе ја пренесам и во репрезентативниот дрес“, вели Томовски, кој од денеска се приклучи на подготовките на националниот тим.
Планот е нашите ракометари да продолжат со подготовки во Скопје до 6 јануари, а на 7 јануари ќе патуваат за Швајцарија, каде ќе настапат на квалитетен турнир како главна подготовка за ЕП 2026.
„Пред нас е период на тренинзи и на подготвителни натпревари во кои ќе ја темпираме формата и ќе работиме на што подобра подготовка за она што ќе не очекува во Данска. Сите сме свесни дека групата е силна, затоа мораме што подобро да се подготвиме… желба нема да изостане, ќе оставиме срце на терен, тоа е сигурно. Верувам дека добро ќе се претставиме на ова големо натпреварување“, истакнува Мартин Томовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

