Томовски: Кога дишеме како еден, кога живееме како еден… Македонија секогаш ќе се радува!

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Мартин Томовски е дефинитивно еден од хероите на Македонија во ремито (29-29) со фаворизираната Португалија во 2. коло на Европското првенство 2026 во Данска.

Томовски со две феноменални одбрани во последните 30 секунди успеа да го спаси ремито кое ја остава Македонија во игра за следна фаза на шампионатот.

„Што да кажам? Среќни сме, но жалиме што на крајот можеби имавме можност и да организираме напад за победа, но немавме малку среќа тоа да го искористиме“ – изјави веднаш по мечот Томовски, притоа дополнувајќи:

„Пресреќен сум затоа што во второто полувреме по минус пет гола покажавме една силна психолошка состојба, се вративме на најдобар можен начин, успеавме да се фокусираме и да дојдеме до позитивен резултат. Покажавме една големина со која треба да се гордееме. Ако бидеме сплотени, ако дишеме како еден, ако веруваме во себе ете се покажува дека некои чуда се случуваат. Така треба да биде сега и со Романија, без калкулации во максимална борба, па потоа ќе ги гледаме сите математики за пласман во следната рунда на ЕП“.

Се вчитува...