Македонскиот ракометен шампион Вардар во среда на домашен терен ќе го пречека Кил во шестото коло од новото издание на Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ ќе имаат тешка задача да ја прекинат серијата од два порази во елитата на мечот против еден од првите фаворити во групата. Голманот на „вардарци“, Мартин Томовски вели дека ќе мора да се поправат некои недоразбирања во одбраната од претходните два меча, ако сакаат да се дојде до поволен резултат против фаворитот.
„Дефинитивно имавме некои недоразбирања во одбраната на последните две средби, верувам дека тоа ќе се поправи против Кил. Потребно е да ги поправиме концентрацијата и дисциплината во клучните моменти и ќе бидеме подобри. Кил е одлична екипа, добро се познаваат, одлично играат, но како и секојимаат недостатоци. Целта е да ги искористиме тие недостатоци и нивното жестоко темпо на играње на неколку фронта“, изјави Томовски.
Натпреварот меѓу Вардар и Кил кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ е закажан за во среда во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА