Голмант Мартин Томовски беше единствена светла точка во нашите редови на дуелот со Египет, младиот чувар на мрежата бранеше квалитетно, не не можеше да го спречи дебаклот на националниот тим.
Тој на денешната прес-конференција во Каиро истакна дека очекува многу подобро издание на клучниот дуел со Чиле, на кој триумф ќе значи и пласман во следната фаза од шампионатот.
„Сите сме заедно во ова и сите мораме заеднички да работиме за да најдеме излез од ситуацијата, почнувајќи од утрешниот дуел со Чиле. Мораме да бидеме поагресивни, поангажирани, ни недотига жар во играта. Египет е поквалитетна репрезентација, но ние им дозволивме да се однесуваат така доминантно на теренот. Мораме да се консолидираме и да го дадеме најдоброто од нас против Чиле“, изјави Томовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА