ЕКИПА во Берлин,
Стеван Цаневски
Голманот Мартин Томовски по мечот изјави дека не се смета тој за херој, туку дека целиот тим се херои на овој меч.
„Не би се нарекол јас херој, туку тимот. Пресреќен сум за победата. Против лошите настапи во првите две кола променивме некои работи и покажавме дека кога е најпотребно можеме да одиграме на ниво. Заслужено се радувавме на оваа победа. Му посакувам брзо закрепнување на Никола Митревски и мислам дека ние на најдобар начин му се оддолживме денеска“, изјави Томовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

