Томовски одличен на голот за отворање на 2026 со победа за Битигхајм

Mакедонскиот репрезентативец Мартин Томовски имаше извонредна партија на голот на германски Битигхајм, за триумф во првиот натпревар на тимот во 2026 година.

Битигхајм на домашен терен славеше со 31-27 против директниот конкурент за врвот, Елбфлоренц, во меч во кој Томовски имаше одлична партија и запиша седум интервенции, со 41% успешност на одбранети удари. Македонскиот голман ја подели минутажата на мечот со вториот голман на тимот.

Сега Битигхајм има 30 бодови на лидерската позиција, пред Елбфлоренц со 28 бода.

Се вчитува...