ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Македонскиот голман Мартин Томовски по поразот на стартот од Европското првенство 2026 истакна дека едноставно селекција како Данска не простува грешки на противникот и тоа лесно го казнува чекорејќи кон триумфот.
„Свесни бевме дека играме против една од најдобрите светски селекции. Но, ете мислам дека по оние 3-3 направивме неколку технички грешки кои ми се чини пресудија околу текот на мечот, затоа што репрезентација како Данска тоа не го простува. Брзо направија разлика по тие наши грешки и потоа ја одржуваа истата. За нас, секако, тешко беше потоа да се вратиш“ – истакна Томовски по мечот.
Овој дуел, против моќната Данска, треба да даде некои лекции за она што не чека против Португалија и против Романија.
„Да, и пред шампионатот знаевме дека за нас клучни натпревари се оние со Португалија и Романија. Треба да извлечеме поуки од мечот за она што не чека против Португалците, мислам дека добро ќе ги анализираме и грешките во играта и добро ќе се подготвиме следно за Португалците“ – вели Томовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

