Мартин Томовски го спаси Металург од многу поубедлив пораз во дуелот со Спортинг (24-29). Македонскиот репрезентативецот на голот на Металург уште во првите седум минути веќе имаше четири интервенции од вкупните 14 на овој натпревар и беше еден од најконстантните во редовите на македонскиот вицешампион.
Грешките во второто полувреме според Томовски беа пресудни за поразот, но смета дека резултатот не ја дава реалната слика за играта што ја пружи Металург.
„Противникот одигра на едно високо ниво. Ние отворивме одлично, иомавме и предност во првото полувреме, но во вториот дел кога беше најпотребно, промашувавме отворени зициери. Исто така, одличен ден имаше и Матваж Скок на противничкиот гол. Спортинг ги искористи нашите слабости во клучните моменти и го заврши мечот во своја полза. Разликата можеби е висока, но не ги отсликува настаните на теренот и нашата игра“ – истакна Мартин Томовски.
За Металург ова е шести пораз во седум одиграни натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА