Мартин Томовски продолжува со серијата добри настапи во Бундес-лигата, откако македонскиот голман во последниот период влезе во топ-форма на голот на Потсдам.
За жал, добрите изданија на Македонецот не се наградени и со позитивни резултати на неговиот тим, ако се знае дека Потсдам е убедливо последен во Бундес-лигата и овој тим летово ќе се пресели во понизок ранг на натпреварувања. Томовски беше одличен и на вчерашниот дуел против Ерланген во кој токму благодарение на нашиот чувар на мрежата „фенерџијата“ успеваше да го држи мечот интересен до завршницата.
Сепак, 12-те интервенции на Македонецот се покажаа недоволни, Ерланген славеше со конечни 26-23, а Потсдам остана закован на дното на бундеслигашката табела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА