Репрезентацијата на Македонија в четврток ја очекува првиот меч од баражот против Романија. Натпреварот го играме на домашен терен.
Мартин Томовски во пресрет на овој двобој истакна дека Романија не смее да биде потцента затоа што станува збор за квалитетна репрезентација.
„Полека созреваме како репрезентација и психолошки сме многу подобрени. Без преголема еуфорија треба да влезиме во овој дуел се со цел да го потврдиме нашиот квалитет. Романија е сериозен противник, имаме целосен респект кон оваа сселекција. Треба да се истакне дека извлековме неколку лекции од ЕП во Дебрецен, па веќе секој од нас си ја знае својата задача на теренот. Подготвени сме, време е нашиот квалитет да го претставиме на терен“, потенцираше Томовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА