Мартин Томовски беше јунакот на Металург во победата против ППД Загреб со 25-22 во натпреварот од регионалната СЕХА лига. 19-годишниот голман на „металурзи“ запиша 15 одбрани, фати неколку „зицери“ и беше на вистинското место кога Металург градеше предност за победа.
Според Томовски, клучно за победата не Металург е добрата игра во одбраната.
„Лошо почнавме, имавме многу грешки во првиот дел. Но, потоа се консолидиравме, ја зацврстивме одбраната и дојдовме до лесни голови, направивме разлика и успеавме да ја задржиме до крај“– истакна Томовски по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА