Мартин Томовски беше играчот што и донесе пресврт на Македонија во второто полувреме на дуелот со Португалија. Голманот на македонската репрезентација запиша 11 одбрани од кои осум клучни во второто полувреме кога „црвено-жолтите“ успеаја да ја анулираат негативата и на крај да имаат и напад за победа. Македонија успеа да се врати иако на крај се избори само за реми во овој дуел, а токму Томовски ја имаше најзначајната улога во македонскиот состав во второто полувреме.
„Во главата ми беше една мисла дека треба да му помогнам на мојот тим, дека сите сме едно исто. Дека мора да се вратиме во игра и да ја одбраниме честа на нашата репрезентација. Најдовме заеднички јазик, успеавме да се мотивираме и да ги исправиме грешките од првото полувреме во кое одигравме помалку несериозно. Се вративме во игра, дадовме се од себе да се избориме за позитивен резултат“ – изјави Томовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА