Томовски во име на „Обединетите“: Сакаме одлагање на Собранието на ФФМ!

Драган Томовски во име на „Обединетите за фудбалот“ денеска до Фудбалската федерација на Македонија и до домашната спортска јавност со барање за одлагање на Редовоното-изборно собрание на ФФМ кое е закажано за 18. февруари, и оставка на актуелниот претседател Илчо Ѓорѓиоски.

Интересно, од „Обединетите“ сметаат дека со формирање Комисии со видни домашни фудбалски имиња, притоа без став кои се тие имиња и кој ќе ја оцени нивната ‘видност’, треба да се организира регуларно Редовно собрание на ФФМ.

Во текот на вчерашниот ден, пак, Мирсад Јонуз, кој е дел од иницијативниот одбор „Обединети за фудбалот“, објави кандидатура во трката за нов претседател на ФФМ.

ВО ПРИЛОГ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ БАРАЊЕТО НА „ОБЕДИНЕТИ ЗА ФУДБАЛОТ“ ДО ФФМ ИСПРАТЕНО И ДО НАШАТА РЕДАКЦИЈА:

До Фудбалска Федерација на Македонија

-Претседател господин Илчо Ѓорѓиоски              

 

Предмет : Барање                                                                                           Скопје 27.01.2017

 

Со оглед на актуелните состојби во Македонскиот фудбал, како и активностите на ФФМ за свикување на редовно-изборно Собрание, кое е апсолутно нерегуларно, од Вас бараме :

1.Неотповиклива оставка на господин Илчо Ѓорѓиоски од местото Претседател на ФФМ.

2.Одлагање на Собранието на ФФМ закажано за ден 18.02.2017.

3.Формирање на заедничка комисија составена од членови на УО на ФФМ и видни фудбаски имиња од Македонија за воспоставување критериуми и подготовка на регуларно редовно Собрание на ФФМ, меѓу кои и апсолутно исфрлање на политичкoто влијание oд фудбалот.

Рок за одговор на барањето е 03.02.2017.

Во случај да не го прифатите нашето барање, ќе бидеме принудени, сите материјални и други докази за нерегуларноста на ова Собрание на ФФМ, но и претходното, да ги доставиме на ФИФА, УЕФА и надлежните домашни институции.

Истите ќе бидат доставени и до јавните гласила.

Комплетната одговорност за последиците по Македонскиот фудбал, во тој случај ќе падне на оние кои ги продуцираа нерегуларностите.

Се надеваме дека во интерес на Македонскиот фудбал ќе го прифатите нашето барање, со што ќе спречите тешки последици по Македонскиот фудбал, за кои сте свесни и за кои ќе бидете одговорни.

 

Спортски поздрав                                                                  За Обединети за фудбалот

                                                                                                            Драган Томовски с.р.

Се вчитува...