Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски е во ТОП 5 листата на одбранети пенали, согласно досегашната статистика на Светското првенство 2021 во Египет.
Томовски има 50% успешност на одбранети удари од седум метри. Од осум пенали кои ги бранеше македонскиот голман успеа да запре четири, што го носи на листата меѓу најдобрите по овој статистички показател на Мундијалот.
Капитенот Кирил Лазаров, пак, е најдобриот македонски стрелец со 16 досега постигнати голови на 21. место на листата која ја предводи Норвежанецот Сандер Сагосен со 30 погодоци. Зад него е Катарецот Парцо со 25 запишани гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА