Голманот на Вардар, Мартин Томовски се најде во изборот за најубавите одбрани на седмото коло во ракометната Лига на шампиони. Томовски беше најдобар поединец на „црвено-црните“ во поразот од Пик Сегед (34-31) запишувајќи 13 одбрани.
Една од интервенциите на македонскиот голман се најде во изборот на најдобри на колото, освојувајќи го петтото место.
Одбраната на Томовски можете да ја погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА