ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Македонија вчера одигра одличен натпревар против Словенија кој го загуби на крајот со 27-25. Еден од најдобрите поединци во таборот на „црвено-жолтите“ беше голманот Мартин Томовски кој беше одличен на голот.
Тој вели дека не сака самиот да се издвои како заслужен за добрата партија, туку помошта од неговите соиграчи била клучна тој да биде одличен на голот.
„Изгубивме, но имаше многу позитивни работи во нашата игра. Вчера игравме многу побрз помодерен ракомет. Одбраната беше на високо ниво. Едноставно некои сегменти и мало невнимание не чинеа пораз. Не сакам да се издвојам како заслужен за мојата добра партија. Одбраната беше тука да ми помогне и соработката со блоковите беа клуч за мојата добра партија. Исто така добра анализа и очекував од каде може да дојдат нивните шутеви. Денеска е нов ден и ќе се погрижиме за следниот меч против Црна Гора да ги корегираме сите наши грешки и недостатоци. Едноставно да искористиме се што можеме и да се радуваме на позитивен резултат против Црна Гора“, вели Томовски.
Македонија во вториот натпревар на ЕВРО 2022 утре ќе се сретне со Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА