Томпсон за доминацијата на Голден Стејт: Инспирација ни е Барселона и нејзината „тика-така“

Стив Кер е „највиновен“ за одличната игра на Голден Стејт Вориорс кои под негово водство освои четири шампионски титули во последните осум години, тврди еден од најдобрите играчи во составот Клеј Томпсон. Суперѕвездата притоа откри дека инспирација за нивата воиграност е фудбалски клуб од Европа.

Станува збор за Барселона чија „тика-така“ покрај во фудбалот се пренесе и во кошарката. Томпсон вели дека оваа тактика совршено функционира.

„Стив Кер е најзаслужен за успехот бидејќи дојде во оваа екипа со визија. Ни даде совршен пример во фудбалскиот клуб Барселона и нивиот стил на игра „тика-така“ бидејќи топката постојано е во движеше. Совршено функционира“, вели Томпсон.

Се вчитува...