Младиот Сандро Тонали е херој за Милан во големата победа на гостувањето кај Верона од 1-3 во натпревар од 36. коло во италијанската Серија А. Иако прво му беше поништен гол во 16. минута по прегледување на ВАР, младиот „росонер“ одигра неверојатна партија која ќе ја памети долго.
Сепак, не почна се како што планираа избраниците на Стефано Пиоли, откако домаќините поведоа со 1-0 со голот на Фараони во 38. минута. До крајот на првиот дел Тонали во судиското продолжение израмни на 1-1, а на стартот на вториот дел во 50. минута донесе и водство од 1-2. До крајот Флоренци во 87. минута ги постави конечните 1-3.
Со овој триумф Милан повторно му побегна два бода на градскиот ривал на првенствената табела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА