Њукасл Јунајтед се пласираше во осминафиналето на ФА Купот со пресврт победа против Астон Вила со 1-3.
Астон Вила прва поведе преку голот на Абрахам во 14. минута, но директниот црвен картон на Бизот во првата минута од судиското продожение ја промени ситуацијата на теренот.
Њукасл Јунајтед ја искорсити предноста, во 63. минута Тонали донесе изедначување, а во 76. минута Италијанецот и го комплетираше пресвртот за својот тим.
Победата ја потврди Волтемоде во 88. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

