Сандро Тонали откако стави потпис на нов договор со „росонерите“ одлучи преку видео да им се обрати на верните фанови.
Тонали синоќа потпиша нов петгодишен договор со Милан, тој ќе игра за годишна плата од околу 3 милиони евра по сезона.
Сандро Тонали е фан на Милан од дете, па и покрај тоа што имаше поголеми понуди, тој во 2020 од Бреша реши да се пресели на „Сан Сиро“, тогаш за плата од само 1,2 милиони евра.
Сега, со новиот договор клубот за повеќе од двојно му ги зголеми примањата.
„Здраво момци, пресреќен сум со новиот договор и то ашто го продолжив мојот престој во Милан. Знаете колку е длабока мојата љубов за овие бои. Ви благодарам за поддршката која ни ја давате. Со вашата поддршка можеме да оствариме големи работи“, им се обрати Тонали на фановите.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА