Тонали се договори со обвинителството, за да може да игра фудбал наредната сезона

Сандро Тонали постигнал договор со обвинителството во обложувачкиот скандал во Италија, па фудбалерот на Њукасл ќе добие казна од десет месеци неиграње.

Медиумите најавуваа дека екс-фудбалерот на Милан би можел поригорозно да биде санкциониран, најмногу поради фактот дека се обложувал на натпревари на својот клуб. Сепак, тој и неговиот адвокатски тим максимално соработуваа во истрагата, давајќи докази за нејзино продлабочување, по што обвинителите се решиле за нешто поблага казна (претходно се шпекулираше со суспензија од најмалку една година).

Сега се прават напори за истата да биде што поскоро официјално изречена, со што ќе почне да одбројува и времето на суспензијата. Целта е јасна – Тонали во секој случај нема да игра фудбал сезонава, но желба на фудбалерот и на челниците на Њукасл е тој да почне да тренира следното лето и од наредната сезона целосно да биде на располагање на својот клуб.

Покрај суспензијата, Тонали се согласил и на медицински надзор при неговото лечење од зависности што ќе биде организирано во неколку специјализирани установи.

Се вчитува...