На италијанскиот интернационалец Сандро Тонали му се заканува нова суспензија поради обложување. Тој во моментов е под 10-месечна суспензија за обложувања во Италија пред да се пресели во Њукасл, но истрагата покажала дека фудбалерот се обложувал и кога пристигнал во Премиерлигата.
Истрагата која започна во ноември, покажа дека фудбалерот направил 50 обложувања помеѓу 12 август и 12 октомври 2023 година, како играч на Њукасл.
Тонали има рок до 5. август да одговори на обвинението. Италијанецот ќе биде суспендиран до 27 август 2024 година. Њукасл увери дека нивниот играч соработува со истражителните органи, и дека клубот продолжува да го поддржува.
Newcastle United acknowledges a misconduct charge received by Sandro Tonali in respect of alleged breaches of FA Betting Rules.
Sandro continues to fully comply with relevant investigations and he retains the club’s full support.
Due to this ongoing process, Sandro and… pic.twitter.com/x62qU4hx5A
— Newcastle United FC (@NUFC) March 28, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА