Тонали за наследник на Кашемиро, цената е 100 милиони

Кашемиро игра извонредно во дресот на Манчестер јунајтед по доаѓањето на Мајкл Карик за менаџер, но Бразилецот не отстапува од својот став – на крајот од сезонава да си замине од „Олд Трафорд“. Договорот на бразилскиот репрезентативец истекува во јуни, а Кашемиро веќе стави до знаење дека нема намера да потпише нов, туку ќе се реши за нов предизвик во кариерата надвор од Премиер-лигата.

„Црвените ѓаволи“ се во потрага по врвен играч за врска што би бил негов наследник, а информациите од Англија говорат дека главен кандидат е Сандро Тонали. Италијанскиот плејмејкер има искуство во Премиер-лигата од одличните настапи за Њукасл, што воедно се и негова главна препорака за преселба на „Олд Трафорд“.

Њукасл не сака да го продаде, но во Јунајтед се убедени дека ќе успеат да најдат заеднички јазик. Впрочем, затоа е подготвена и понуда од 100 милиони евра (над 85 милиони фунти), за да се убеди ривалот од „Сент Џејмс парк“ да се раздели од еден од своите најдобри фудбалери.

Настапите на Тонали ги следи и Манчестер сити во случај Родри да го напушти тимот и да се пресели во Реал Мадрид, па токму затоа „црвените ѓаволи“ планираат да ги забрзаат преговорите и да го потпишат Тонали уште пред почетокот на претстојниот мундијал.

Се вчитува...