Тоне бродот: По Каплановиќ, сега и Николиќ со тужба за Куманово

Откако Ѓорѓе Каплановиќ се реши да си ги спакува куферите и да замине од Куманово поради долговите и непрофесионалниот однос на управата, притоа поднесувајќи тужба до арбитражниот суд БАТ, неговите чекори ги заследи и Петар Николиќ.

Бекот кој во редовите на Куманово пристигна од Пелистер беше најавен како голем трансфер во исполнување на целите на клубот по што со некогашниот вицешампон попиша и двогодишен договор. Но, наместо стабилност истиот сега носи и дополнителен товар на раководството на клубот кое ќе мора да ги исплати двете години на Македонецот.

Според неофицијални информации Куманово на секој начин се обидува да издејствува останување на играчите кои први го напуштаат „бродот кој тоне“, но наместо заканите за казни управата на клубот треба да се погрижи за исплата на парите што ги должи, не само кон Николиќ и Каплановиќ, туку и кон сите играчи од овосезонскиот ростер на кумановци.

Како потсетување, актуелното раководство на Куманово влезе во клубот со сериозни амбиии. Претходната сезона беше на чекор да го елиминира актуелниот шампион МЗТ Скопје во четвртфиналето од разигрувањето, а за оваа пријави и настап во ФИБА Еврокупот.

Сепак првите главоболки се појавија со патешествието до квалификациите до Холандија со автобус, а проблемите продолжуваат и на стартот од сезоната во македонскиот шампионат.

Се вчитува...