Тони Крос е авторот на најоригиналната новогодишна честитика откако германскиот ас преку својот твитер профил им посака среќна нова 2017 година на сите фанови, воедно фаќајќи им сеир на Бразилците, на кои не им дозволува да го заборават поразот од 1-7 на последниот мундијал.
На честитката стоеше „Среќна 20“ по што беа поставени знамињата на Бразил и на Германија, за комплетирање на бројката на новата година. Оригинално, нема што.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА