Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, еден месец ќе биде надвор од терен поради повреда, потврдија од мадридскиот клуб.
На минатонеделниот натпревар против Реал Сосиедад (2-0), германскиот интернационалец се здоби со повреда на мускулот и им се придружи на Бејл, Асенсио и Диаз на кои тренерот Солари исто така не може да смета.
Деталните лекарски прегледи потврдија дека се работи за посериозна повреда која ќе го оддалечи Крос од теренот најмалку еден месец.
Германецот поради повредата ќе го пропушти следниот натпревар со Бетис, а потоа и дуелот со Леганес во Кралскиот Куп како и следните три натпревари во Примера. Засега е неизвесно и дали Крос ќе биде подготвен за настап и на градското дерби со Атлетико на 10 февруари.
Оваа сезона, Крос во дресот на Реал Мадрид има одиграно 23 натпревари, постигна еден гол и запиша три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА