Тони Крос фати сеир: Чија е статуата во Манчестер, сигурни ли сте дека тоа е Агуеро

Манчестер Сити официјално ја промовираше статуата пред стадионот „Етихад“ што ја доби Серхио Агуеро, на десетгодишнината од легендарниот гол за титула што Аргентинецот го постигна во судиското продолжение од последното коло против Квинс Парк Ренџерс.

Асот на Реал Мадрид, Тони Крос, се вклучи на оваа тема, истакнувајќи дека ликот на статуата повеќе личи на него отколку на Агуеро.

„Сигурни ли сте“, напиша Крос на својот твитер-профил крај фотографијата на Манчестер Сити со назив „Серхио е овде“.

Се вчитува...