Тони Крос го нарече срамен потегот млад шпански играч да се пресели во С.Арабија

Фудбалерот на Реал Мадрид Тони Крос е бесен поради фактот дека и млади играчи се решаваат да заминат во Саудиска Арбија поради милионите.

Саудијците доминираат во овој преоден рок, носејќи многу ѕвезди како Нејмар, Бензема, Митровиќ, Марез, Мане, Кулибали, Боно…

Меѓутоа после ветераните, тимовите од Саудиска Арабија полека се вртат и кон млади играчи, откако 21-годишниот талент на Селта Габри Вега е на пат да стане играч на Ал-Ахли.

„Срамота“ – е коментарот на Крос во врска со овој трансфер на социјалните мрежи. Кометарот подоцна бил избришан, но остана фактот дека Германецот не е задоволен тоа што младите играчи се решаваат да одат во Саудиска Арабија за пари.

Се вчитува...