Тони Крос го продолжува договорот со Реал Мадрид

Тони Крос и во следната сезона ќе биде дел од Реал Мадрид, пренесува шпанска „Марка“. Еден од најдобрите играчи на својата позиција ќе го одложи пензионирањето и ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ и за сезоната 2023/24.

Германецот е дел од мадридскиот клуб девет години во кои освои 19 трофеи. Му недостаува само овој во Купот на Шпанија и до истиот може да стигне оваа сезона каде веќе е во финалето по убедливиот триумф над Барселона и за трофејот ќе се бори против Осасуна.

Шпанскиот гигант воедно се уште не е подготвен за целосен „ребилдинг“ и ќе смета на клучните играчи и во сезоната која следи.

Неодамна за искусниот двоец Крос-Модриќ говореше и тренерот Карло Анчелоти кој изјави дека во нив има целосна доверба, а со оглед на тоа што Италијанецот ќе остане во Реал Мадрид и во сезоната која следи, очекувањата се дека продолжување на договорот ќе добие и хрватскиот репрезентативец.

Се вчитува...