Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, кој со Реал Мадрид го освои трофејот во Лигата на шампионите, е избран за најдобар фудбалер на Германија за 2018 година. За првпат во кариерата, 28-годишниот играч за врска е добитник на ласкавото признание што го доделува магазинот „Кикер“. Тој доби 185 гласа и заслужено стигна до наградата. Второто место му припадна на фудбалерот на Фрајбург, Нилс Петерсен.
Олимписката медалистка и капитен на женскиот национален тим на Германија, Џенифер Марожан со 105 гласа е избрана за фудбалерка на годината. Поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес, кој го водеше бварскиот клуб до шампионската титула во Бундес-лигата, ја доби наградата за најдобар тренер, пред стратегот на Шалке 04, Доменико Тедеско.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА