Тони Крос минатиот месец ја заврши кариерата, а легендарниот играч за врска во меѓувреме доби уште едно значајно признание откако беше избран за најдобар фудбалер во германскиот фудбал за 2024 година.
Во изборот на влијателниот весник „Кикер“ влегуваат сите германски фудбалери, но и странски играчи кои настапуваат во Бундес-лигата.Крос сепак заврши убедливо прв со 285 гласа, пред Флоријан Вирц од Баер Леверкузен со 246 и Швајцарецот Гранит Џака со 66 гласа на третата позиција.
„Оваа награда е само потврда за она што го остварив минатата година. Иако за последен пат сум во овој избор, наградата не ми е доделена затоа што заминувам во пензија, туку поради сето она што го правев на теренот ланската сезона. Барем се надевам дека е така“, изјави Крос, кој со Реал Мадрид стигна до нова титула во Лигата на Шампионите, како и до трофеј во Ла Лига.
Чаби Алонсо апсолутно очекувано ја доби наградата за најдобар тренер во Германија за 2024, по титулата без претрпен пораз со екипата на Баер Леверкузен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА