Тони Крос подготвен за Суперкупот во Скопје, се врати на тренинзите на Реал

Германскиот интернационалец Тони Крос се врати на тренинзите на Реал Мадрид, откако ја надмина повредата на левиот скочен зглоб. Тој го пропушти пријателското „Ел Класико“, но ќе биде во тимот на „кралевите“ за последниот тест во САД, против селекцијата на најдобрите фудбалери од МЛС – лигата. По ова, Реал Мадрид се враќа во Европа и ќе се подготвува за гостувањето во Скопје, во пресрет на Суперкупот на Европа и дуелот против Манчестер јунајтед.

„Убаво е да биде повторно со тимот. Се чувствувам добро и верувам дека брзо ќе го надоместам пропуштеното“, изјави Тони Крос, по последниот тренинг.

Се вчитува...