Славниот поранешен германски фудбалер Тони Крос го смета Александар Исак за малку познат фудбалер.
25-годишниот напаѓач се приклучи на Ливерпул од Њукасл пред да се затвори преодниот рок во договор вреден 125 милиони фунти, што е најскап трансфер во историјата на Премиерлигата.
Тони го коментираше трансферот во подкаст кој го води со својот брат Феликс.
„Би рекол вака… Дека сум уверен оти пола од нашите слушатели во моментов не слушнале за него никогаш. Еве, проценете сами. Сериозно“, рече поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид.
Неговиот брат кажа дека тој го познава уште од времето кога играше во Борусија Дортмунд.
„Веројатно во Германија го знаат само навивачите на Борусија Дортмунд, но таму не остави некој белег“, додаде Тони Крос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

