Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство го совлада домаќинот Германија со 2:1 по продолженијата, а на овој натпревар се виде скандалозната одлука на судијата Ентони Тејлор од Англија и неговиот сонародник Стјуарт Атвел кој беше во ВАР-собата.
По ударот на Џамал Мусала, Марк Кукурела со рака ја запре топката на патот кон мрежата. Судиската одлука беше да не се работи за пенал, што ги крена Германците на нозе.
Речиси три месеци подоцна, Судискиот комитет на УЕФА ја призна грешката на англиските судии.
„Им требаа три месеци да сфатат дека е рака, нешто што сите го видовме во секунда. Ви благодарам, ништо посебно. Сега, може ли да се прогласиме за шампиони на Европа кога и официјално потврдија дека е грешка? Не би рекол…“, изјави Крос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА