Тони Крос се повлекува од репрезентацијата?!

Германија во осминафиналето го заврши својот настап на ЕВРО 2020, а новиот селектор Флик ќе има сериозен проблем бидејќи своето повлекување од националниот тим го најавил еден од најдобрите германски фудбалери во последната деценија, плејмејкерот Тони Крос.

Асот на Реал Мадрид во последните години често има проблеми со повредите, па смета дека на 31-годишна возраст ќе мора целосно да се посвети на клупскиот фудбал.

Одлуката наводно веќе била најавена на челниците на федерацијата уште пред ЕВРО 2020, а официјално ќе биде соопштена во наредните денови.

Македонија треба да се сретне со Германија во Скопје во рамките од квалификациите за СП 2022, меч за кој неиграњето на Крос дефинитивно би била одлична вест за нашиот национален тим. Впрочем, плејмејкерот на Реал Мадрид го пропушти првиот меч меѓу Германија и Македонија, на кој нашата селекција го шокираше големиот фаворит со триумф од 1-2 во Дуизбрг.

Се вчитува...