Доскорашниот германски репрезентативец Илкај Гундоган, ќе го напушти тимот на Барселона целосно бесплатно, и веројатно ќе се врати во Манчестер Сити. Барселона се одлучи да го ослободи играчот од средниот ред, и така да направи простор за Дани Олмо, со оглед дека сега не може да го пријави поради финансискиот фер плеј.
Урнебесна беше реакцијата на неговиот доскорашен соиграч Тони Крос. Тој на објавата дека Гундоган ќе си замине бесплатно, имаше само еден збор: „Wow“.
🚨🇩🇪 Toni Kroos reacts to news about Barça set to release Ilkay Gündogan for free…
“Wow 🙈🙈🙈”. pic.twitter.com/Vae4gjZ64n
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 20, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА