Легендарниот хрватски кошаркар и екс член на Чикаго Булс Тони Кукоќ, објави на социјалните мрежи фотографија од болница во Чикаго, каде што ги мина последните два дена. Тој се заблагодари на докторите кои се грижеа за него.
Не е позната причината зошто некогашниот славен кошаркар заврши во болнички кревет. Тој се фотографираше со кренат палец, укажувајќи им на фановите дека се е во ред.
„Голема благодарност до докторите Колман и Мајерс, како и останатиот персонал од болницата Раш, кои се грижеа за мене во последните два дена. Се надевам на брзо опоравување“, порача Кукоч.
Кукоч трипати ја освојуваше НБА лигата со легендарниот состав на Чикаго предводен од Мајкл Џордан.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

