Искусниот играч од средниот ред и поранешен капитен на Победа, Тони Мегленски, по заминувањето од прилепскиот прволигаш одлучи да му пристапи на второлигашот Тиквеш од Кавадарци. Тој во пролетниот дел од сезоната ќе му помогне на Тиквеш низ настапите во второлигашката конкуренција, а во Кавадарци заминува заедно со Стојанче Дунимаглоски и младиот Христијан Трајкоски, кои исто така беа дел од Победа.
Тиквеш неодамна се засили и со Васко Митрев, поранешниот фудбалер на Металург, кој во изминатиот период беше во САД, а сега одлучи да се врати на македонските фудбалски терени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА