Свој став околу дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ од УС опен даде и поранешниот тренер на Рафаел Надал и негов вујко, Тони. Тој вели дека сето ова не е добро за светот на тенисот.
„Ноле немаше намера никого да удри. Постои правило кое вели дека доколку удрите судија автоматски добивате дисквалификација. Сите што беа во ждребот добија олеснување по елиминацијата на Новак, истото се случи и кај Рафа и Роџер, но да бидеме реални со вакви ситуации губи белиот спорт“, изјави Тони Надал.
За потсетување, Србинот беше дисквалификуван од УС опен откако при негатива од 6-5 на дуелот со Карено Буста несмасно ја погоди линиската судија со топче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

